Семејна медицина
Најдобрата грижа за вашето здравје
Лекарски прегледи
Во нашата ординација вршиме лекарски прегледи потребни за вашето здравје
Со специјалист по семејна медицина располагаме во Штип, термини може да се закажат на телефонскиот број 032/380-833
Дијагноза
Здравјето на нашите пациенти за нас претставува висок приоритет и затоа се грижиме за секој пациент со висок професионализам.
Нашите доктори ќе помогнат за надминување на проблемите што се соочуват пациентите.
Следење на здравствена состојба
Следењето на здравствената состојба за нашите пациенти е од големо значање.
Ја следиме здравствената состојба на нашите пациенти од дијагнозите во полето на:
Правилна исхрана
Често нашите пациенти се соочуваат со интолеранција на храна и имаат потреба од детоксикација.
Интолеранција на храна или неподносливост на одредени намирници, претставува несоодветна реакција на имуниот систем, кој одредените намирници ( кои вообичаено се секојдневни и не се штетни ) ги препознава како штетни и создава антитела кон нив ( од ИгГ класа ), со цел одбрана на организмот. вие комплекси од антиген- антитело слично како кај алергиите предизвикуваат воспалителна реакција во организмот. Организмот непотребно троши енергија за борба со овие алергени што доведува до хроничен замор, малаксаност и истоштеност на организмот.
Детоксикација е природен процес на неутрализирање или елиминација на токсините од човечкото тело. Токсините (што може да го засили оштетувањето на ткивото на телото) хемиски се претвораат во помалку штетни материи кои потоа се излачуваат во столицата или урината. Иако детоксикација терминот првенствено се употребува при третман на алкохолизам и зависност од дрога, терминот се однесува и на диета, и други методи за отстранување на токсините животната средина и диеталните токсини од организмот, со цел подобро здравје.