Деновиве нашата ординација ПЗУ Кардио Стојменов во Струмица беше посетена од учениците од здравствената струка при СОУУД „Димитар Влахов“, профил медицински сестри под менторство на проф. Емилија Котевска.

За време на посетата учениците се запознаа со дејностите на ординацијата, персоналот, апаратурата и просторните услови. Воедно присуствуваа и на кардиолошки преглед врз пациент кој опфати ехо на срце, ЕКГ и стрес тест од страна на Д-р Александар Стојменов.

Кардиолошката ординација при Кардио Стојменов е отворена за соработка на медицински и образовен план, а ова е само почетокот на соработката со СОУУД „Димитар Влахов“.

Работно време

Пон – Пет
8:30 – 15:30
Сабота неработен
Недела неработен

  +389 32 380 833

Локации

  • Штип

  • Струмица

Нашите вредности

Нашата мисија е да обезбедиме најдобра грижа за нашите пациенти и да овозможиме максимална дискреција при решавањето на секој проблем со кој се соочува пациентот. Добросостојбата на вашето срце е наш приоритет!

Задоволството на пациентите е огледало на нашата работа. Секогаш се стремиме да пружиме професионална услуга притоа задржувајќи пријателски и топол однос со пациентите, на обострано задоволство.