Нова педијатриска ординација во склоп на нашата поликлиника – Бидејќи децата го заслужуваат најголемото внимание!
Со огромна радост и оптимизам за подобрување на благосостојбата на најмалите, би сакале да ве информираме дека ја отворивме новата педијатриски ординација која се наоѓа во нашата склоп на нашта Поликлиника Стојменов во Штип. Имајќи ја во предвид важноста за стручноста и удобноста кон децата и нивното здравје, ќе се обидеме грижата за најмалите да ја подигнеме на едно ново и пософистицирано ниво.
Нашата педијатриска клиника претставува нова пресвртница, едно ново поглавје во нашата посветеност да обезбедиме најдобра здравствена заштита за целото семејствата. Стремежот за комплетна семејна нега кој го имавме низ годините, отсега е надополнет со она што ни недостасуваше, педијатриска ординација со напредна медицинска опрема и тим од професионалци на кои грижата за детското здравје им е страст и окупација. Посветени сме да понудиме модерна, сочувствителна и пријатна средина за вашите деца. Без оглед дали станува збор за рутински прегледи, вакцинации или специјализирана нега, подготвени сме да одговориме на потребите на вашето дете во секоја фаза од растот.

Експертска нега предводена од познат педијатар
Д-р Марија Атова, добро позната на нашите пациенти со своето искуство и харизма. Со својата експертиза и сочувствителен пристап, д-р Марија е посветена на градење на уште поголема доверба, истовремено обезбедувајќи грижа што ќе прави родителите и децата да се чувствуваат удобно.
Да се создаде удобна и пријателска средина за деца, истовремено запазувајќи ги сите стандарди не е едноставна работа. Ние разбираме колку е важно да се создаде средина каде што децата се чувствуваат безбедно и удобно. па затоа се обидовме нашата ординација да ја дизајнираме со карактеристики погодни за децата, за децата да можат максимално да почувствуваат слобода и доверба. Нашиот пријателски настроен и посветен персонал е секогаш подготвен да ја направи вашата посета пријатно искуство.
Зошто да не изберете токму нас? Покрај горе наведените причини, ние имаме сеопфатни педијатриски услуги кои ќе ги задоволат потребите од секој аспект, понудувајќи услуги прилагодени на здравствените потреби на секое дете. Искусниот и грижлив тим е подготвен и ви стои на располагање, а нашата предност ја гледаме и во комплетната услуга која може да ја обезбедиме преку останатите оддели во нашата поликлиника, посебно од одделот за Интерна медицина, вклучувајќи ги интернистичките услуги како ехо на лимфни жлезди, ехо на стомак и слично, кои се подеднакво важни како за возрасните, така и за децата, следејќи го правилно нивниот раст и развој.
Нашите педијатриски услуги вклучуваат:
Работно време
Пон – Пет |
8:30 – 15:30 |
Сабота | неработен |
Недела | неработен |