Интерно одделение

Најдобра интерна дијагностика со најдобра технологија

Општ интернистички преглед

Кардиолошки прегледи

Спирометрија

Абдоминална ултразвучна дијагностика

Општ интернистички преглед

Интерна медицина е медицинска специјализација која се занимава со превенција, дијагноза и третман на внатрешни заболувања.Во Поликлинка Кардио Стојменов може да се добијат следните интернистички прегледи:

  • Општ интернистички преглед

  • Кардио прегледи

  • Спирометрија

  • Абдоминална ултразвучна дијагностика

За закажување на термини може да не побарате на следните телефонски броеви:
Штип +389 32 380 833
Струмица +389 34 322 833

Кардио прегледи

Нашиот искусен тим на кардиолози се тука да ви помогнат. Како поликлиника имаме тројца кардиолози кои се грижаат за здравјето на нашите пациенти. Ги нудиме следните услуги:

  • Кардиографија

  • Колор доплер на каротидни артерии

  • Холтер

  • Електрокардиограм(ЕКГ)

  • Коронарен стрес тест

Спирометрија

Спирометрија претставува основен тест за процена на белодробната функција. Се работи за лесна, брза,безболна и неинвазивна дијагностичка процедура. Се изведува на тој начин што пациентот вдишува и издишува низ цевка која се вика пнеумотакограф која е поврзан со апарат наречен спирометар. Се користи при дијагностицирање на беодробни заболување( опструктивни, рестриктивни или опструктивно-рестриктивни заболувања) , за следење на текот на веќе постоечки белодробни болести како и евалуација на третманот на белодробните заболувања.

Абдоминална ултразвучна дијагностика

Ултразвучната дијагностика е неинвазивен метод за дијагностицирање на рани заболувањеа. Со помош на ултразвук лекарите гледаат што се случува со нашите органи и тоа:

  • Болка во абдоменот

  • Црнодробни болести

  • Панкреасни болести

  • Болести на жолчното кесе и жолчните патишта

  • Болести на бубрезите и мочните патишта