Д-р Александар Стојменов

Специјалист кардиолог

Д-р Александар Стојменов е роден 1987 година во Штип. Основно и средно училиште завршил во родниот град.
Во 2005 год. се запишува на Медицински факултет во Скопје во склоп на Универзитетот “ Св. Кирил и Методиј”. По завршување на факултетот и здобивање на лиценца за работа станува член на Лекарска комора на Македонија и започнува да работи како матичен лекар во склоп на Поликлинички центар ПЗУ “Др Златко Стојменов”-  Штип.
Во 2013 година ја започнува специјализацијата по кардиологија на клиниката за кардиологија, Скопје, при УКИМ.  Специјализацијата по кардиологија ја завршува во април 2020 год. и работи како специјалист кардиолог во склоп на специјалистичкиот оддел. Во 2021 год. запишува докторски студии. Член е на Македонското здружение по кардиологија. Редовно посетува стручни семинари и конгреси во државата и странство, во склоп на континуираната медицинска едукација.
Специјализиран е во дел на неинвазивна дијагностика и третман на болести на кардиоваскуларниот  системкако и медицинско следење и соработка со многу професионални спортисти и спортски клубови.

Штип

ул. Трст бр.7-б

Струмица

ул. Младинска бр. 22

Виница

консултативни прегледи