Д-р Александар Димитровски

Специјалист кардиолог

Д-р Александар Димитровски е роден 1981 година во Штип. Основно и средно училиште завршил во родниот град.
Во 2000 год. се запишува на Медицински факултет во Скопје во склоп на Универзитетот “ Св. Кирил и Методиј”. По завршување на факултетот и здобивање на лиценца за работа, станува член на Лекарска комора на Македонија и започнува да работи како матичен лекар. Една година е волонтер на Интерно одделение во склоп на Клиничката болница во Штип.
Во 2013 година ја започнува специјализацијата по кардиологија на Кл. за кардиологија – Скопје, приУниверзитетот “ Св. Кирил и Методиј”. Од 2014 година е дел од лекарскиот тим во Поликлинички центар ” Д-р Златко Стојменов-Штип”. Специјализацијата по кардиологија ја завршува во март 2020 год. и работи како специјалист кардиолог во склоп на специјалистичкиот оддел. Во 2021 год. запишува докторски студии. Член е на Македонското здружение по кардиологија. Редовно посетува стручни семинари и конгреси во државата и странство, во склоп на континуираната медицинска едукација.
Специјализиран е во дел на неинвазивна дијагностика и третман на болести на кардиоваскуларниот  систем.

Штип

ул. Трст бр.7-б

Струмица

ул. Младинска бр. 22

Виница

консултативни прегледи