Во срцето на овој динамичен и жив град, каде за нас беше и повеќе од предизвикувачки да започнеме нова и возбудлива приказна, одбележувајќи ја првата година од нашата служба кон пацинтите од Струмица и струмичкиот регион, подзапревме само за момент за да направиме краток осврт на патувањето кое не донесе до тука. Скромно звучи една година, но верувајте, ни одблизу не беше скромна, туку напротив, богата и исполнета со пациенти, нови предизвици и искуства кои ги искусивме по патно за овие 365 дена од годината.

Од самиот почеток нашата мисија беше јасна: Обезбедување најдобра грижа за нашите пациенти и овозможување максимална дискреција при решавањето на секој проблем со кој се соочува пациентот. Добросостојбата на вашето срце е наш приоритет.

Секое отчукување на срцето е важно, па затоа, во изминатите 12 месеци наш приоритет беше да се осигураме дека секој пациент кој ќе влезе во нашата кардиолошка ординација добие најдобар третман и поддршка.

Во свет каде што здравствената заштита често може да се почувствува како безлична, далечна и селективна, ние се трудевме да создадеме една поинаква средина каде што владее топлина и емпатија, каде основен лек е топлата насмевка на нашите вработени, подадена рака и слух за сите ваши проблеми и предизвици.

Преку едукација, превентивни прегледи и иницијативи за зближување со заедницата, неуморно работевме на промовирање на здравјето на срцето, како поттик за преземање на одговорност за благосостојбата на срцата на нашите пациенти.

Би сакале да ја изразиме нашата најдлабока благодарност до нашите пациенти, нивните семејства и целата заедница воопшто, за довербата која ни ја доделија.

На нашиот исклучителен тим за стручноста и посветеноста која неуморно ја покажуваат и докажуваат.

Гледајќи во иднината, мотивирани сме и исполнети со оптимизам и решителност дека ова е само почеток, еден чекор кон следното ново поглавје од ова наше патување. Посветени на иновации, соработка и сочувство, уверени сме дека годините пред нас ќе ни донесат само нови успеси и поголеми заеднички достигнувања.

Ви благодариме што ни ја доверувате грижата за вашето срце!

Работно време

Пон – Пет
8:30 – 15:30
Сабота неработен
Недела неработен

  +389 32 380 833

Локации

  • Штип

  • Струмица

  • Виница

Нашите вредности

Нашата мисија е да обезбедиме најдобра грижа за нашите пациенти и да овозможиме максимална дискреција при решавањето на секој проблем со кој се соочува пациентот. Добросостојбата на вашето срце е наш приоритет!

Задоволството на пациентите е огледало на нашата работа. Секогаш се стремиме да пружиме професионална услуга притоа задржувајќи пријателски и топол однос со пациентите, на обострано задоволство.