„Мојата поврзаност со Струмица е посебна и е отсекогаш“

„Мојата поврзаност со Струмица е посебна и е отсекогаш, бидејќи мојот татко е од овој крај, а и скоро сите мои роднини се овде, така што и јас од моето најрано детство сум присутен во градов. Дури и првиот белег кој го носам и денес, а се наоѓа над мојата веѓа, потекнува од остар камен од селото Вељуса и неколку копчиња од струмичката болница“, вели д-р Златко Стојменов, специјалист од првата генерација на кардиолози во земјата, кој пред скоро четири месеци отвори и Специјалистичка ординација во Струмица.

Прашање: Од кога работи вашата здравствена организација и која е нејзината дејност?

Д-р Стојменов: Пред речиси 28 години во 1995 година ја напуштив работата на Интерно одделение при Клиничката болница Штип за да ја основам првата специјалистичка ординација по интерна медицина во источна Македонија. Оттогаш постојано се развиваме и растеме, и физички и со персонал.

Прашање: Колку вработени брои вашата поликлиника?

Д-р Стојменов: Денес сме поликлиника со 23 вработени, пет медицински тимови, матични лекари од кои двајца специјалисти по семејна медицина, биохемиска лабароторија, специјалистичка ординација по интерна медицина, две специјалистички ординации по кардиологија, а во нашата зграда егзистираат и стоматошка ординација, гинеколошка ординација и аптека, така секојдневно опслужуваме голем број на пациенти од источниот регион на државата.

Прашање: Која беше причината да отворите ординација во Струмица?

Д-р Стојменов: Мојата поврзаност со Струмица е посебна и е отсекогаш, бидејќи мојот татко е од овој крај, а и скоро сите мои роднини се овде, така што и јас од моето најрано детство сум присутен во градов. Дури и првиот белег кој го носам и денес, а се наоѓа над мојата веѓа, потекнува од остар камен од селото Вељуса и неколку копчиња од струмичката болница. Дури и кога ја отворав мојата прва ординација пред 27 години имав дилема дали тоа да биде во Штип или во Струмица. Тоа е емотивната побуда кај мене, а практичната побуда е да бидеме поблиску до нашите пациенти од овој крај, кои мораа да патуваат до Штип за своите прегледи. Третата причина се зголемните стручни капацитети на нашата здравствена установа кои почнавме да ги шириме надвор од седиштето во Штип.

Прашање: Кои услуги ги нудите во Кардио Стојменов во Струмица?

Д-р Стојменов: Во оваа почетна фаза на работата на нашата ординација во Струмица ги нудиме сите кардиолошки услуги од неинвазивната кардиологија. Нудиме кардиолошки прегледи и превентива во согласност со последните светски водичи и препораки, а најчесто тоа се: ехокардиографии, коронарни стрес тестови, холтери (24 часовни мониторинзи), колор-доплер

Прашање: Дали вршите интернистички прегледи?

Д-р Стојменов: Во Кардио Стојменов во одредени денови во месецот нудиме и интернистички услуги од типот на ЕХО на абдомен, ЕХО на тироидеа, ЕХО на уринарен тракт и други интернистички услуги. Покрај дијагностички процедури, нудиме и одредени терапевтски процедури.

иследувања на крвни садови и др.

Прашање: Имате ли планови за иднината?

Д-р Стојменов: Секако дека започнавме со работа со амбиции да се развиваме, особено затоа што стручниот кадар кој работи е млад. Затоа работата ќе ни покаже колку би имало потреба да се развиеме, а дополнително би сакале да работиме и соработуваме со локалните кадри и нашата желба се вработувања на локален персонал и прекувремена работа на стручни кадри од струмичката болница. Исто така спремни сме да обучуваме и едуцираме млади кадри, како и да соработуваме со локалните образовни институции.

Прашање: Какви се вашите први впечатоци од досегашната работа во Струмица?

Д-р Стојменов: Пријатно сме изненадени од одзивот и приемот од страна на пациентите од Струмица и целиот југоисточен регион. Токму заради ова, првите впечатоци ни се доста мотивирачки, да ги вложиме сите наши знаења и ресурси во решавањето на нивните здравствени проблеми. Овде морам да напоменам дека по пример на позитивните практики од Струмица, сега спроведуваме слична акција и во кардиолошкиот оддел во Штип, каде што во тек е промоција на истите кардиолошки пакети кои беа одлично прифатени од пациентите во Струмица.

Работно време

Пон – Пет
8:30 – 15:30
Сабота неработен
Недела неработен

  +389 32 380 833

Локации

  • Штип

  • Струмица

  • Виница

Нашите вредности

Нашата мисија е да обезбедиме најдобра грижа за нашите пациенти и да овозможиме максимална дискреција при решавањето на секој проблем со кој се соочува пациентот. Добросостојбата на вашето срце е наш приоритет!

Задоволството на пациентите е огледало на нашата работа. Секогаш се стремиме да пружиме професионална услуга притоа задржувајќи пријателски и топол однос со пациентите, на обострано задоволство.