Д-р Златко Стојменов
Специјалист интернист – кардиолог
Д-р Златко Стојменов е специјалист по интерна медицина, сопственик и управител на Поликлинички центар “ Д-р Златко Стојменов”.
Роден e во 1960г во Штип. Завршува Медицински факултет во Скопје 1984година по што започнува со работа во Итната медицинска помош со домашно лекување во Медицински Центар Штип, а паралелно работи како професор во средното медицинско училиште „Јане Сандански“ –Штип.
Завршува специјализација по интерна медицинаво 1992 на Медицински факултет Скопје,по што обавува доедукација на Клиниката за Кардиологија – Скопје и едукација за ехокардиографија во Салцбург, со што е еден од пионерите на ултразвучната дијагностика на болести на срцето во регионот.По четири години работа на Интерно одделение при Медицински Центар – Штип, ја основа ПЗУ “Д-р Златко Стојменов”- Штип, како една од првите приватни специјалистички ординации по интерна медицина, која во тек на годините прераснува во еден од најголемите поликлинички здравствени установи во источна Македонија. Посветено работи во унапредување на здравјето на своите пациенти, со користење на најмодерна дијагностичка апаратура за неинвазивно дијагностицирање и третман на болестите од областа на интерната медицина.
Штип
ул. Трст бр.7-б
Струмица
ул. Младинска бр. 22
Виница
консултативни прегледи